Идната влада ќе се соочи со девастиран систем, со распад на институциите и катастрофална состојба во економска смисла. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе направи уште поголеми услилби од самиот почеток да покаже дека ќе работи посветено, чесно и одговорно за да се одговори на потребите и барањата на граѓаните, велат од партијата.
„Оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи разликата со претходната власт на СДС и ДУИ уште веднаш. Наместо неуспеси и порази, ќе понуди концепт на економски развој и ресетирање на државата. Следи нова инвестиција од 400 милиони евра, потоа многу капитални инвестиции, инвестиции во информатичката технологија, конкурентен и силен приватен сектор кој ќе работи во поволна и предвидлива економска клима, нови работни места, стабилен економски раст, инфраструктурни проекти во висина од над 2 милијарди евра во време на мандатот, 1 милијарда евра поддршка за општините, проекти во образованието, здравството и земјоделието. Сите тие дела ќе бидат производ на многу работа и посветеност“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму ветуваат „бескрупулозна битка со криминалот и корупцијата и никој од тоа нема да биде поштеден“.