„Со амандманот ќе побараме сите медиумски работници да бидат ослободени од плаќање на здравствено и пензиско осигурување. Исклучок од ова ќе бидат медиумските работници од јавните сервиси МТВ и МИА затоа што тие се корисници на Буџетот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму пресметале дека тоа ќе ја чини државата 10 милиони евра годишно.
„Ако не биде прифатен нашот амандман тогаш ВМРО-ДПМНЕ ветува дека нашата Влада по изборите ова ќе го обезбеди тоа веќе од јули или август 2024 година“, велат од партијата.
Идејата, според нив е, сопствениците на медиумите да ги зголемат платите на сите медиумските работници.