вторник, 22 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ бара цените на основните продукти повторно да се замрзнат

Објавено на

часот

Сподели

„Но што да се очекува од владини функционери со 78 отсто повисоки плати, кои немаат абер да ги намалат во оваа криза. Сигурно сега со поголеми плати производите им се гледаат поевтини. Со ова се потврдува народната мудрост дека ситата влада не го верува гладниот народ.Впрочем ценовниот шок на граѓаните трае веќе подолго време, и замрзнувањето на цените донекаде беше задоцнето, бидејќи цените на производите веќе беа отидени до “таван“.  Високите цени, значат високи даноци, а високите даноци значи полнење на буџетот, кој потоа се троши за местени тендери, сомнителни зделки и лични бенефити на функционерите на ДУИ и СДС. Но ако веќе замрзнатите цени на основните производи значеа какво такво помало гајле за народот, тогаш оваа мерка треба да биде продолжена. Не може владата да пролонгира кризи, а да укинува антикризни мерки кога се работи за интересот на граѓаните. Не може народот од свој џеб да ги плаќа грешките и криминалите на власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ