среда, 6 ноември 2024

ДУИ: Со Вреди дојде до екстремно деградирање во безбедносната и одбранбената сфера

Враќањето на меѓуетничките инциденти и меѓуетничките провокации, зголемувањето на оружените инциденти, деградирањето и запоставувањето на албанските кадри, нивната замена со кадри на ВМРО-ДПМНЕ, се меѓу многутtе случаи кои ја одразуваат работата на безбедносните институции во овие четири месеци – лошо владеење на моноетничката влада, се вели во денешното соопштение на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

„Во овој период во Министерството за внатрешни работи се случи етничко чистење и деградација на албанскиот кадар, како што беше случајот со раководителот за истражување во МВР, помошникот министер за административни работи, помошникот директор во Секторот за униформирана полиција, началникот за меѓународни истраги (Интерпол), началникот во Секторот за внатрешни работи во Струга, началникот во единицата за трговија со оружје, командирот во полициската станица во Гостивар, командирот во полициската станица Битпазар во Скопје, како и значителен број на високи инспектори во секторот за организиран криминал и криминалистичка полиција.
Треба да се спомене и деградирањето на граничните полицајци во случајот со Африм Гаши и случајот со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи на скопскиот аеродром, од каде без нивна вина како резултат на овој националистички пристап, албанските полицајци трпеа казни, деградирања, разрешувања и најлошото со постапки за кривично гонење, без никаква вина. Тие едноставно се жртви на системот што оваа власт без етнички легитимитет се обидува да го изгради за покажување на сила и ширење на страв кај албанските граѓани.
Во овој период постојано се врши притисок врз вработените да потпишат изјави дека доброволно се откажуваат од работното место, главно тие на раководни позиции, и тоа со цел да не продолжат со управни и судски постапки.
Овие лоши потези што ги презеде оваа моноетничка власт, се спроведуваат и онаму каде што се бараат стандарди и правила, како локални така и меѓународни институции, да бидат водени од неполитички и стручен нкадар. Дека е така, докажува и последното назначување на Владата за прв човек на Агенцијата за национална безбедност, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Христовски, кој во февруари 2023 година беше назначен за претседател на комитетот на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје. Овој избор отвора многу дилеми, каде со право може да се посомневаме дека намерата е безбедносните институции да се претворат во партиски штабови.
И во одбраната ситуацијата воопшто не е различна. И таму албанските кадри се деградирани, како што беше случајот кога претседателката Сиљановска за шеф на генерал штабот назначи кадар кој не ги исполнува потребните услови за да биде на оваа функција.
Правична и соодветна застапеност, во сите ешалони на Министерството за одбрана, како во администрацијата, униформата, воената дипломатија, мировните мисии во странство и воената академија, сè е стагнирано и албанските кадри се занемарливи и речиси премолчени во тоа Министерство. Единствениот глас во тоа Министерство е гласот на министерот, додека заменик министерката е само марионета, исто како и сите други министри и заменици министри од коалицијата Вреди во оваа Влада.

Сето се случува затоа што Албанците во власта се претставени од субјекти без легитимитет и како резултат на тоа немаат никаква сила и моќ да ги претставуваат и да одлучуваат за Албанците. Овој факт, воопшто не ги ослободува од одговорност, бидејќи свесно ја прифатија улогата на марионети во владата без етнички легитимитет“, рече Валдет Џафери од ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ