среда, 6 ноември 2024

СДСМ: Дупки во биографијата на Христовски, новиот директор на АНБ

Назначувањето на Бојан Христовски на чело на АНБ освен што е опасна партизација отвора и низа сомнежи за тоа дали воопшто ги исполнува законските услови да биде на ваква висока позиција. Иако Христовски пријавил во биографијата пет календарски години раководен стаж недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство во УБК во периодот од 2012 до 2017 година, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Законските услови за оваа позиција во делот на образованието се исполнети дури минатата година, со дипломирање на Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и бизнис во Скопје. Но, претходно, тој бил дипломиран тренер по кик-бокс со што не ги задоволувал законските критериуми предвидени за оваа важна функција.

Понатаму, во биографијата објавена од Факултетот за безбедност, Христовски приложил уверение за познавање на англиски јазик TOEFL од училиште во Пловдив – Бугарија. Но, на официјалните страници на TOEFL јасно стои дека немa TОEFL центар за тестирање во Бугарија. Дури и оние што не работат се наведени на оваа интернет страница. TOEFL центри за тестирање во Бугарија има во 6 градови, но не и во Пловдив.

Лаже ли Христовски во биографијата? Има ли Христовски вистински документ за соодветно познавање на англиски јазик како што посебните законски услови бараат?

Има ли 5 години стаж на раководни позиции и ги исполнува ли воопшто законските услови?

Планот на ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена да поставува партиски кадри, да ги партизира и злоупотребува институциите значи целосно уништување на безбедносните структури.

Бараме итно повлекување на Христовски и отворање нова транспарентна постапка за избор на нов директор на АНБ со почитување на сите прописи и законски норми“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ