Душан Влаховиќ утрово пристигна на детални прегледи во Торино откако синоќа се пожали на повреда на натпреварот помеѓу Србија и Данска во Лигата на нации.
Добра вест е тоа што напаѓачот нема посериозна повреда, но лоша е тоа што ќе мора да одмори неколку дена и нема да биде во комбинација за дуелот против Милан во сабота во Серија А, и Астон Вила во среда во Лигата на шампиони.
Ова му создава главоболки на тренерот Тијаго Мота, кој нема друг напаѓач на располагање и ќе мора да игра со „лажна 9-ка“, се очекува на дербито против Милан оваа улога да му припадне на Кенан Јилдз.