недела, 17 ноември 2024

Владата ја објави програмата за одбележување на празникот 11 Октомври

11 Октомври, Денот на востанието против фашистичкиот окупатор со пригодни насани ќе се одбележува под мотото  „Непокор и слобода”. Како што информира Владата, централниот настан ќе се одржи пред Спомен – костурницата во Куманово, а владини делегации ќе положат свежо цвеќе пред спомениците на паднатите борци од НОБ во Скопје и во Прилеп.

Објавено на

часот

Сподели

Во Куманово, централниот настан ќе започне во 10 часот со положување свежо цвеќе пред Спомен – костурницата. Владината делегација ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, а во состав на делегацијата се вицепремиерот Артан Груби, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура и Азир Алиу, министер за информатичко општество.

Настано тќе продолжува со обраќање на премиерот Ковачевски, а потоа ќе следува културно – уметничка програма на платото пред Спомен – костурницата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ