вторник, 26 ноември 2024

Владата го врати на работа директорот на Центарот за социјални работи во Радовиш фатен со дрога

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска по забележување на неправилности во работата на техничкиот министер за труд и социјална политика поднесе предлог до Владата на Македонија за огласување за ништовно решение за разрешување од должност на директорот на јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш, од 4 април.

Објавено на

часот

Сподели

Предлогот е даден по извршен инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за труд врз решението за разрешување по што се утврдени повеќе неправилности. Воедно забележана е и незаконската постапка од страна на техничкиот министер во делот на разрешување на директор во време на распишани избори, со еднострана одлука! Ваквата постапка е спротивна на Законот за Владата на Македонија.

Во Законот е предвидено дополнителниот заменик на министерот, заедно и рамноправно со министерот да ги разгледува и потпишува сите акти и документи, а ако тоа не е сторено, ваквите акти и документи не произведуваат правно дејство.

На 14 седница на Владата на Македонија е донесена одлука да се огласи за ништовно разрешувањето директорот на јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш од страна на министерот за труд и социјална политика.

Инаку, Александар Филев, вд директор на меѓуопштински Центар за социјални работи во Радовиш, на 17 февруари во Штип бил приведен од службеници од одделот за недозволена трговија со дрога и оружје, заради тоа што кај него била најдена и одземена дрога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ