петок, 18 октомври 2024

Ватерполистите немаат право на кикс

Објавено на

часот

Сподели

По воведната голема победа над Турција со 12 разлика, што беше историски резултат за нас на едно ЕП, Македонија во серија доживеа три порази и тоа од Грција со очајна игра, потоа од Унгарија со жилав отпор и на крај потоп од светскиот првак Италија. Третото место во групата, кое беше поставено како цел, излезе дека се уште е преголем залак за нас, иако гарантира сигурен настап во Едмонтон во април.

Но, и со четврто место шансите се огромни, затоа што половина екипи од самиот крем се веќе пласирани, што значи дека до осмото место може да се надеваме на можност да се бори Македонија за екипен претставник на ЛОИ, покрај кошаркарите (играат во јули во Венецуела). За да се стигне до целта, вечер пред избраниците на Гочанин стои домаќинот, кого во Истанбул на завршниот турнир како подготовка за ЕП го победивме со 11-10. Македонија може да се коцка и со реми поради подобрата гол-разлика, но во спортот калкулации од ваков тип, никогаш не се прават. Затоа и победата е императив, особено за да се врати самодовербата и да се оствари зацртаното во разигрувањето.

Ова е трет настап во низа на ватерполистите на едно ЕП. Најдобар пласман е дебитантскиот пред четири години кога го освоивме седмото место во Малага. Денеска на програмата покрај нашиот дуел се играат и мечевите Хрватска – Шпанија (13 ч.), Турција – Унгарија (14.30), Србија – Црна Гора (16), Романија – Германија (17.30) и Италија – Грција (20.30).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ