петок, 18 октомври 2024

Ватерполистите играат со Хрватска, а мислат на Холандија

Објавено на

часот

Сподели

Ватерполистите се во базен од вчера, а селекторот Игор Гочанин најави дека против „коцкестите“ главен приоритет нема да му биде борбата за бодови туку воигрување на тактиката на претстојниот континентален шампионат.
„Секој мора да си има поставено приоритети, а нашиот е да се најдеме на предолимпискиот турнир. За да го оствариме тоа потребно ќе ни биде да оствариме забележителен успех на ЕП 2012, односно да се најдеме меѓу најдобрите осум селекции. Токму поради ова, сите погледи ни се насочени кон европскиот шампионат, а дуелот со Хрватска ќе го искористиме за што подобро да се воиграме, да пробаме некои тактички замисли на кои што работевме во изминатиот период“, Гочанин.
За мечот против Хрватска неизвесен е настапот на голманот Маринковиќ поради повреда на рбетот. Веднаш по дуелот од СЛ македонските ватерполисти патуваат за Турција каде што од 6 до 8 јануари ќе учествуваат на турнирот „Митхат Хантал“ во Истанбул. Завршните подготовки за еврошампионатот македонските ватерполисти ќе ги имаат од 10 до 13 јануари во Белград, каде што ќе тренираат со играчите на Црвена звезда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ