недела, 20 октомври 2024

Васко Стојков, адвокатот на Палчо, на распит во полициска станица

Адвокатот Васко Стојков попладнево е викнат во полициска станица на распит, дознава МКД.мк. Стојков пред неколку дена изјави дека тој со неговото возило го однел Љупчо Палевски – Палчо во Белград на преглед и истиот ден се вратил во Македонија. Стојков вели дека тогаш воопшто не знаел дека Палевски е осомничен за двојно убиство.

Објавено на

часот

Сподели

„Не знаев дека е одговорен за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Ме замоли да го однесам во Белград бидејќи нема возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас не знаев ништо за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград на преглед. Се вратив во Скопје. Палевски ми рече дека ако не е во ред ќе оди на преглед во Истанбул. Кога се вратив полицијата правеше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав“, изјави на 4 декември Стојков.

Тој го однел Палевски во Белград на 3 декември, истиот ден кога малата Вања веќе била убиена.

                                                                                                                                                                                          А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ