среда, 6 ноември 2024

Ферстапен победи на спринтот во Тексас

Актуелниот шампион, Макс Ферстапен беше најбрз на спринт трката во Тексас.

Објавено на

часот

Сподели

Ферстапен стартуваше од првото место и тоа успеа да го задржи до крајот и да слави победа со време од 31:06.146 со што ја остави конкуренцијата далеку зад себе.

Карлос Саинц успеа да го „украде“ второто место од Лано Норис пред самиот крај кој направи грешка и беше казнет, па заврши како трет. Четвртата позиција му припадна на Шарл Леклер, а зад него следуваше тандемот на Мерцедес, Расел и Хамилтон.

Место во топ десет добија уште: Магнусен, Хулкенберг, Перез и Пиастри.

Трката за Големата наградата на САД е закажана за утре од 21:00 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ