среда, 6 ноември 2024

Зеленски со ултиматум до НАТО: Или ќе нè примите, или се вртиме кон нуклеарно оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати ултиматум до НАТО, предупредувајќи дека неговата земја би можела да тежнее кон нуклеарно вооружување доколку не добие членство во западниот воен пакт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова ветувањето тој го даде за време на разговорот со поранешниот американски претседател Доналд Трамп минатиот септември. Зеленски му кажа на Трамп дека Украина „или ќе пристапи во некој вид на сојуз“ или ќе биде „приморана да тежнее кон нуклеарно оружје“, додавајќи дека не гледа подобра опција од НАТО.

„Верувам дека Трамп ме слушна и кажа дека тоа е фер аргумент“, кажа Зеленски.

Зеленски зборуваше и во Брисел, каде на 17 октомври се сретна со лидерите на Европската Унија за да го претстави својот „план за победа“ во конфликтот со Русија. Одржа и прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во седиштето на Алијансата. Руте избегна да го поддржи „планот“ на Зеленски.

Оваа изјава претставува значајна ескалација во Киев во нивниот обид за безбедносни гаранции во конфликтот со Русија, кој почна во февруари 2022. Зеленски јасно даде до знаење дека поддршката од НАТО е клучна за Киев.

Украина ги засили своите напори да обезбеди дополнителна поддршка од Западот во последните месеци, поради напредувањето на руските сили на истокот на земјата. Иако членките на НАТО обезбедуваат воена помош, разузнавачки податоци и финансиска поддршка, засега се воздржуваат да ѝ понудат на Украина полноправно членство.

Колебањето доаѓа поради тоа што одредени членки стравуваат дека тоа ќе предизвика поголем конфликт со Москва, која се заканува со „катастрофални последици“ и употреба на нуклеарно оружје ако е загрозена.

Потенцијалниот нуклеарен пат на Украина претставува значително отстапување од нејзината претходна одбранбена политика. По распадот на Советскиот Сојуз, Украина наследи еден од најголемите нуклеарни арсенали во светот.

Меѓутоа, во 1994 Украина се согласи да го демонтира своето нуклеарно вооружување според Будимпештанскиот меморандум во замена за безбедносни гаранции од САД и Русија.

Сега, со продолжувањето на руската агресија и кршењето на тој договор, многумина во Украина прашуваат дали било грешка да се откажат од тоа оружје.

„Која од овие големи нуклеарни сили настрада, само Украина, кој се откажа од нуклеарното оружје, само Украина, кој денес се бори, само Украина. Или Украина ќе има нуклеарно оружје, за наша заштита, или треба да бидеме во некој сојуз, а освен НАТО, ние денес не препознаваме друг ефикасен сојуз“, кажа Зеленски.

Зеленски во февруари 2022, неколку дена откако изби војната, се закани дека, ако консултациите со потписниците не резултираат со конкретни безбедносни гаранции, Киев ќе го смета меморандумот за неважечки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ