Израелската војска ИДФ во средата го уби Синвар, кого го сметаат за организатор на упадот на Хамас во Израел минатиот октомври, а неговото тело се наоѓа на непозната локација, пренесува Џерусалим пост.
Синвар би можел да биде клучот за обезбедување на враќањето на заложниците, изјавиле израелските извори.
Израелските власти наводно разговараат за тоа како да ги искористат остатоците на Синвар. Повеќе од 100 заложници се и понатаму заробеници на Хамас, иако голем број се убиени во конфликтот во Газа.
„Ако Хамас сака да ги замени неговите посмртни остатоци за Израелци, живи или мртви, тогаш е во ред“, кажал израелски дипломатски извор.
Неименувани извори кажале за Си-ен-ен дека враќањето на телото на Синвар во Газа би можело да зависи од таков договор, кажувајќи дека во спротивно нема да се случи предавање на телото.
Се наведува и дека поддржувачите на Хамас би можеле да го претворат гробот на Синвар во светилиште, инспирирајќи тероризам.