Вардар со 13 разлика победи во Скопје и беше јасно дека ќе игра на фајнл-фор турнирот од СЕХА лигата, денешниот меч во Нови Сад беше само формалност.
Лабавиот приод на македонскиот тим го искористија домаќините на почетокот на натпреварот и водеа во првото полувреме, на одморот се замина со 16-11 за Војводина.
По паузата Вардар заигра многу посериозно, брзо ја надополни негативата и премина во водство, на крајот победи убедливо со 32-26.
Гоце Георгиевски имаше перфектен меч со 10 од 10, седум постигна Јан Чувара, шест Филип Талески, а со шест одбрани за едно полувреме се истакна Васил Гогов.
Со оваа победа, Вардар го официјализира пласманот на Ф4-турнирот, каде што ќе вкрсти со подобриот од Нексе – Загреб. Првиот патник, од синоќа е Пелистер.