Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ информираше дека синоќа, во центарот на Штип, на најпрометната улица кај училиштето „Ванчо Прќе“, е украден дел од иглата на скулптурата изработена од реномираниот скулптор, уметник, магистар и професор Никола Смилков.
„ Овој чин е срам за нашиот град и навреда за трудот на сите кои вложија време, енергија и љубов за да создадат нешто вредно за Штип. Ги повикуваме надлежните институции, веднаш да го решат случајот и да ги заштитат јавните добра. Апелираме до граѓаните, ако сте сведоци на овој срамен чин или имате каква било информација за сторителите, ве молиме да го пријавите случајот“, вели Ампева.
Таа посочува дека Штип заслужува почит, а како што вели „нашиот град не е место за вандализам и безредие“.