понеделник, 25 ноември 2024

Вагнеровците имаат нова задача во Белорусија

Објавено на

часот

Сподели

Министерството објави видео на кое се гледа како борците на Вагнер ги обучуваат белоруските војници на воениот полигон во близина на градот Осипович, на околу 90 километри југоисточно од главниот град Минск.

„Вагнеровите борци се инструктори во неколку воени дисциплини“, соопшти белоруското министерство.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, посредуваше за постигнување договор за запирање на бунтот на борците на Пригожин и Вагнер во Русија на 23 и 24 јуни, кога групата ја презеде контролата врз јужниот руски град Ростов и се упати кон Москва.

Беше постигнат договор со водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, да ги повлече своите платеници и да замине во Белорусија, додека Русија се откажа од кривично гонење за бунтот.

На платениците на Вагнер ѝм беше понудено да заминат во Белорусија, да се приклучат на редовната војска или да се вратат во цивилниот живот.

Пентагон објави дека борците на Вагнер веќе не учествуваат „во значителна мера“ во борбите во Украина. САД веруваат дека „мнозинството“ од борците на Вагнер сѐ уште се на окупираните територии на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ