недела, 20 октомври 2024

Уставниот суд времено ги „замрзна“ покачените плати на дел од вработените во МФ

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за преиспитување на уставноста на дел Законот за буџети, со кој на вработените во Министерството во финансии и органи на државна управа кои вршат работи поврзани со Буџетот им беше зголемена платата за 30 отсто. 

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Уставен суд, донесена е времена мерка до конечна одлука, што значи додека не се произнесе Судот конечно вработените во Министерството во финансии и органи на државна управа кои вршат работи поврзани со Буџетот нема да земаат плата повисока за 30 отсто.

Според подносителот на иницијативата не е јасно кои вработени имаат право на дополнување на основната плата од 30 отсто, кои биле работните места со соодветни специфики и посебни одговорности и врз основа на што се определуваат овие места и кој ќе ги определува. Наведено е дека со самата законска одредба се воведува основ за арбитрерно постапување на органот на државната управа при определување кој има право на пропишаниот додаток.

„Според подносителот, со Автентичното толкување, Собранието постапило спротивно на Уставот и на Деловникот бидејќи во постапката за давање автентично толкување на член 66 став 3 од Законот за буџети ја изменило толкуваната одредба со воведување на нови елементи и како последница на тоа била изменета и дополнета законската одредба спротивно на постапката за донесување на закони“, соопштија од Уставниот суд.

Во иницијативата има и наводи дека вработените во Министерството за финансии кои вршат специфични работни задачи и имаат посебна одговорност се доведуваат во неосновано привилигирана положба во однос на граѓаните кои се вработени во други органи на државната управа и вршат специфични задачи и имаат посебна одговорност, со што се ставаат во нерамноправна положба. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ