сабота, 19 октомври 2024

Украинското жито и хрватските пристаништа: Решение за гладот во светот?

Објавено на

часот

Сподели

Германскиот медиум, инаку онлајн издание на водечката германска информативна емисија на првата програма на јавниот сервис АРД, во извештајот се повикува на изјавата на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба по разговорот со хрватскиот колега Горан Грлиќ Радман во Киев, која во меѓувреме ја потврди и хрватското министерство за надворешни работи. Во текстот се наведуваат и зборовите на Кулеба дека „сè што му помага на извозот му помага на обезбедувањето на снабдувањето на светот со храна“, и дека двете страни сега заеднички ќе работат на тоа да се најдат најефикасните рути.

Огромни логистички предизвици

Ова последното, меѓутоа, би можело да потрае. Самиот поглед на географската карта покажува какви огромни логистички проблеми би требало да се совладаат за да се реализира таа идеја.

Украинските житарки до Дунав би можеле да се транспортираат преку две украински пристаништа: Ислаил или Рени, при што ова второто неодамна беше бомбардирано од страна на Русија. Втората опција е житарките преку Црно Море да се достават до романското пристаниште Констанца, па од таму до Динав. Потоа следат повеќе од илјада километри по Дунав до Вуковар.

Но, вуковарското пристаниште е мало. Во моментов нејзиниот вкупен капацитет е максимално 1,2 милиони тони годишно – вклучувајќи на пример контејнери. А таму сега постои само еден силос со капацитет од 10.000 тони. За споредба, според податоците на Европската Унија Украина од август 2022 до мај 2023 во рамки на договорот за безбеден коридор за бродовите во Црно Море извезла над 30 милиони тони житарки и друга храна. Тоа количество го превезле повеќе од 1.000 бродови. Вуковарските капацитети не би играле тука некоја посериозна улога.

Симболичен гест на поддршка

Се поставува и прашањето како тие огромни количества житарки да се достават до пристаништата во Риека, Задар или Сплит. Најголемите камиони можат да пренесат максимално 45 тони товар. За превоз на милион тони би биле потребни 22.000 такви камиони.

Втората опција е железницата. Но, илузорно е да се мисли дека Хрватските железници, кои не се во состојба да организираат ни колку-толку нормален патнички сообраќај, би биле во состојба да се носат со тоа количество на стока – и тоа по пруги кои се во лоша состојба и главно неелектрифицирани.

„За тој транспорт да се оствари, би биле потребни огромни инвестиции и многу време. Години. Не само железницата, ни тие пристаништа за кои сега се зборува не се оспособени за претовар на толку големи количества ситен товар. Сето тоа ви било прескапо“, вели Љубо Јурчиќ, поранешен професор на Економскиот факултет во Загреб и поранешен министер за стопанство. Тој е уверен дека пред сè „Хрватска сака да искаже сочувство со Украина, да покаже дека е на нејзина страна и дека ја поддржува. Тоа е повеќе симболичен гест на поддршка“.

Финансиска капка во морето

Ни во финансиска смисла извозот на житарките преку Хрватска на Украина не би ѝ значел многу. Актуелната цена на житото на светскиот пазар е околу 350 евра по тон, а на пченката е 260 евра по тон. На милион тони годишно тоа значи заработка од околу 300 милиони евра, при што кај украинските земјоделци би отишол само дел, бидејќи заработка остваруваат и превозниците, како и трговците.

Истовремено, според германската платформа за статистика Статиста, само ЕУ од почетокот на војната до мај оваа година ѝ доделила на Украина над 25 милијарди финансиска помош, а САД повеќе од 24 милијарди. А тука е и целата низа земји кои ѝ пружиле билатерална помош – само Германија, на пример, 1,3 милијарди евра. Притоа во тие суми не се пресметани хуманитарната, ни воената помош.

Проектот на транспортот на житарките, вели Јурчиќ, веројатно би бил поголем трошок за Хрватска, отколку што би имал некаков позитивен ефект за Украина. „Хрватскиот придонес за Украина во војната е безначаен, на ниво на статистичка грешка. Тоа се однесува и на другите потези кои пред сè се изрази на симболична поддршка – без оглед дали станува збор за хеликоптерите кои се испраќаат, или за другото оружје и муниција. Па тие таа муниција веројатно ја торшат за еден ден“. На почетокот на мај беше објавено дека Хрватска на Украина ѝ донирала 14 хеликоптери Ми-8.

Но, овој гест на хрватската влада не е само порака до Украина – неговата цел е да го забележи и Европската комисија. „Хрватска понекогаш ѝ изразува поголема поддршка на ЕИ отколку што таа самата бара, се профилира како една од земјите во ЕУ која е најсклона на политиките на Брисел. Понекогаш Хрватска се однесува како поголем папа од папата“, вели економистот и поранешен хрватски министер Љубо Јурчиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ