вторник, 26 ноември 2024

Тројца вработени во Црвениот крст загинаа во руски напад на истокот на Украина

Тројца вработени во Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) загинаа денеска во руски артилериски напад врз селото Вирољибувка, на истокот на Украина, двајца се ранети, соопштија украинските власти.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Уште едно руско воено злосторство. „Окупаторите ги нападнаа возилата на хуманитарната мисија на МКЦК во регионот на Доњецк“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Најостро ги осудувам нападите врз службениците на Црвениот крст. Бескрупулозно е гранати да го погодат местото каде што се дели помошта“, изјави претседателката на МКЦК, Мирјана Шпољариќ.

Беше наведено дека возилата на МКЦК се редовно присутни во регионот на Доњецк и се означени со знакот на Црвениот крст.

Украинските власти соопштија дека вработените на Црвениот крст доставувале брикети за греење на граѓаните и ја растоварале помошта кога се случил нападот.

Еден од ранетите претставници на МКЦК е во тешка состојба, пренесува Ројтерс.

Регионот Доњецк, под делумна окупација на руските сили, редовно е изложен на руски гранатирања и воздушни напади. Москва негира дека цели кон цивили или цивилна инфраструктура во нејзината инвазија на Украина, иако илјадници луѓе се убиени во нејзините напади, истакнува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ