Како што информираат од клубот, тројцата нивни членови возејќи кон тренинг излетале од патот, за среќа минале без посериозни повреди.
„На пат кон редовниот тренинг, тренерот на првиот тим Баже Јанакиевски, како и нашите фудбалери Мемет Ризахамза и Боријан Пановски на влезот во Куманово имаа сообраќајна несреќа, која за нивна среќа поминаа без тешки повреди. Нешто посериозни повреди има тренерот Јанакиевски. На нашите членови им посакуваме брзо заздравување и му благодариме на семоќниот Бог што оваа несреќа не доведе до фатални последици“, објави Башкими.