среда, 4 декември 2024

Агенцијата на ОН за палестински бегалци: Околу 15.000 трудници во Газа се на раб на глад

Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) предупреди дека 15.000 трудници се на раб на глад во Појасот Газа, кој е под интензивни напади на Израел повеќе од една година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во постот објавен на социјалната мрежа Икс, се посочува на ситуацијата во Газа.

Се наведува дека во Газа има околу 50.000 трудници и дека само следниот месец се очекуваат 4.000 породувања.

„Околу 15.000 од нив веројатно ќе бидат на раб на глад“, предупредуваат од УНРВА.

Во соопштението се истакнува дека обилните дождови и ограничената помош ја влошиле ситуацијата на раселените во Газа.

Наведено е и дека 2024 била „најсмртоносната година за хуманитарните работници“, со 281 смртен случај во целиот свет, од кои повеќето персонал на УНРВА во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ