среда, 4 декември 2024

Грузија ги прекинува преговорите со Европската Унија

Грузиската владејачка партија денес објави дека земјата ќе ги прекине преговорите со Европската Унија до 2028 и ќе ги одбие европските средства, со што всушност го стопира своето барање за членство. Во соопштение владејачката партија Грузиски сон ја обвини Европската Унија за „каскада на навреди“ и дека преговорите за приклучување ги искористила за „уцена“ и „организација на револуција во земјата“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Одлучивме дека нема прашањето за отворање на преговорите со Европската Унија да го ставиме на дневниот ред до крајот на 2028. Исто така одбиваме какви било буџетски средства од Европската Унија до крајот на 2028“, се наведува.

Земјата од Јужен Кавказ со 3,7 милиони жители придружувањето во Европската Унија го впиша во уставот и е традиционално најмногу прозападно ориентирана од сите поранешни советски републики.

Грузиските односи со Брисел нагло назадуваа во изминатите месеци. ЕУ претходно објави дека грузиското барање за членство е замрзнато.

Грузиски сон уверува дека еден ден сака да се придружи на ЕУ, и во изминатите години не дозволува надворешно мешање од Брисел и ги подобрува односите со соседна Русија.

Претходно денес грузискиот премиер Иракли Кобахиѕе им кажа на новинарите дека членството во ЕУ може да ѝ наштети на грузиската економија и дека Тбилиси би морал да ги откаже визните договори и трговските договори со други земји.

ЕУ на Грузија ѝ даде статус на земја кандидат во декември 2023 година, но критикуваше одредени закони кои од тогаш ги изгласа грузискиот парламент, вклучувајќи го законот за странски агенти и за ЛГБТ пропагандата, нарекувајќи ги проруски.

Европскиот парламент донесе резолуција во која бара поништување на изборите и нивно повторно распишување во рок од една година, како и воведување санкции на главните луѓе на Грузиски сон.

Рускиот претседател Владимир Путин од Казахстан ги пофали храброста и карактерот на грузиските власти во донесувањето на законот за странски агенти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ