среда, 11 декември 2024

Франција не сака да каже дали би го уапсила Путин по потерницата на Меѓународниот суд

Франција, која се најде под притисок поради својот став околу прашањето за меѓународната потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, одби да се изјасни дали ќе биде спремна да го уапси рускиот претседател Владимир Путин по сличната потерница.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меѓународниот кривичен суд минатата недела издаде потерница по израелскиот премиер Нетанјаху, неговиот поранешен министер за одбрана и воен лидер на Хамас поради обвинувања за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Газа.

Членките на Европската Унија, вклучувајќи ја Франција, се потписнички на основачкиот статут на МКС, но Франција кажа дека верува дека Нетанјаху има имунитетот од прогонот на МКС, имајќи предвид дека Израел не е потписник на статутот на судот.

МКС издаде и потерница по Путин, обвинувајќи го за воени злосторства и нелегална депортација на стотина деца од Украина, иако Русија не е потписничка на основачкиот статут на судот.

Портпаролот на француското министерство за надворешни работи Кристоф Лемоан кажа дека француската правна позиција суштински исто ги гледа налозите за апсење на Путин и Нетанјаху.

„Веројатно сме биле помалку прецизни кога сме го коментирале случајот на Путин во однос на сегашниот, но во секој случај нашата позиција е иста“, им кажа Лемоан на новинарите.

На прашањето дали Франција не би го уапсила Путин ако стигне на француско тло, тој кажа: „Кога станува збор за Владимир Путин, сите оние кои извршиле злосторства немаат имунитет. Мора да одговараат за своите дела, и секогаш кажуваме дека ќе го примениме меѓународниот закон во сите аспекти“.

Но додаде дека прашањето на имунитетот, кое е врежано во статутот на МКС, е „комплексно“ и дека државите понекогаш имаат различни ставови околу тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ