Како што соопшти МТСП, министерката, меѓу другото ја посочила соработката меѓу институциите и креирањето на оперативни тимови во состав со претставници на ИОМ, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика и невладиниот сектор кои работат на заштита и превенција од трговија со луѓе.
Напроти ова, во Извештајот на американскиот Стејт департмент за трговијата за луѓе за 2023 година пишува дека Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе, но прави значителни напори да го стори тоа.
„Владата покажа зголемени напори во споредба со претходниот период, имајќи го предвид влијанието на пандемијата со ковид-19 врз нејзиниот капацитет“, пишува во Извештајот на Стејт Демертментот.
Некои обвинители не пријавиле потенцијални случаи на трговија со луѓе до Обвинителството и применувале мерки како за полесни кривични дела во гонење на трговците со луѓе.
„Владата го зголеми финансирањето на засолништето, но тоа покрива само мал процент од оперативните трошоци на засолништето. Слично на тоа, владата не додели средства за мобилни тимови кои ги идентификуваат повеќето потенцијални жртви секоја година, и покрај преземените обврски да го сторат тоа. Локалната полиција и некои гранични службеници не ги проверуваа индикациите за трговија со луѓе и, како резултат на тоа, властите веројатно депортираа некои неидентификувани жртви на трговија со луѓе без упатување до соодветни служби или заштитни мерки за да се спречи повторната трговија со луѓе. Националниот известувач немаше овластување, ресурси и законски мандат систематски да ги следи и оценува напорите за борба против трговијата со луѓе“, оценува Стејт департментот.