Пред македонската фудбалска репрезентација се два натпревари од Лигата на нација, на 7 септември гостуваме кај Фарски острови, а три дена подоцна ја пречекуваме Ерменија во Скопје.
Селекторот Милевски за овие мечеви нема да може да смета на Александар Трајковски и Милан Ристовски кои отпаднаа поради мускулно истегнување.
Дополнително ќе се одлучува дали селекторот ќе повика нови играчи на нивно место.