понеделник, 25 ноември 2024

ТМРО: Со Бехтел и Енка да се репреговара и за коридорот 8

Најавените преговори на Министерството за транспорт и врски со Бехтел и Енка за анекс договор со кој ќе се градат и доградат нови делници Гостивар- Кичево, Прилеп- Битола и Тетово – Призрен, како и ревитализација на железнилката пруга од коридор 10 се за поздравување, но ТМРО смета дека е запоставен коридорот 8 во источниот дел на државата кој сепак долгорочно е македонски национален приоритет, соопшти партијат.

Објавено на

часот

Сподели

„Сметаме дека нема ниту еден километар автопат спрема Бугарија, метрополите Скопје и Софија мора да се поврзат со автопат, да има железница по сите стандарди и нови проширени гранични премини Делчево, Пехчево, Берово и Ново Село како би се овозможила непречена комуникација. Од ресорното министерство бараме во преговорите со Бехтел и Енка да се опфати и коридорот 8 за поврзување на источниот дел од државата“, соопшти ТМРО.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ