среда, 26 јуни 2024

Тадиќ му е лут на Пикси: Јас сум најподготвен во Србија, а тој ме остави на клупа

Помина само еден натпревар на Европското првенство, а веднаш се случуваат бранови во српската репрезентација, нешто што е вообичаено за Србија на големите натпреварувања, овојпат главните улоги ги имаат капитенот Душан Тадиќ и селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.

Објавено на

часот

Сподели

Пикси одлучи дека Тадиќ не треба да биде стартер против Англија, во игра го пушти во текот на второто полувреме, а капитенот ја прифати најдобро одлуката и тоа јавно го кажа во медиумите.

„Му кажав дека тешко ми беше да гледам од клупата бидејќи имаше многу ситуации кои се создадени за мене. Примив 10 топки, а можев 100. Мора да ги почитувам одлуките. Не мора да се согласуваме, но мора да ги почитуваме одлуките на селекторот“, рече Тадиќ.

Пикси образложи дека го ставил Тадиќ на клупа затоа што сакал да го пушти свеж во текот на второто полувреме и капитенот да направи разлика. Одлуката била од тактички причини.

Тадиќ имаше одговор и на ова образложение на Пикси.

„Јас сум најподготвен играч во овој тим, тоа му реков него. Мислам дека не треба да се грижи за мојата физичка подготовка. Нормално дека зборувавме, имаме добра комуникација. Ми рече дека мисли дека ќе биде затворен натпревар и дека јас ќе влезам во второто полувреме да ја решам. Се случи тој брз гол. Жал ми е поради резултатот, мислам дека можевме да земеме барем бод или три“, заврши Тадиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ