петок, 18 октомври 2024

Светска банка: Глобалниот југ го плаќа просперитетот на северот

Објавено на

часот

Сподели

Аџеј Банга, претседателот на Светската банка, кажа дека се плаши дека недостигот од напредок може да доведе до поголем јаз во глобалната економија, на штета на најсиромашните во светот. „Она што не ми дава да спијам ноќе е недовербата која тивко ги раздвојува глобалниот север и југ во момент кога треба да се обединиме“, кажа Банга на дводневниот состанок на министрите за финансии и шефовите на централните банки во Гандихинагар.

„Фрустрацијата на глобалниот југ е разбирлива. На многу начини тие ја плаќаат цената на нашиот просперитет“, кажа Банга, кој е роден во Индија, но е натурализиран американски државјанин кој минатиот месец ја презема функцијата во банката на номинација на американскиот претседател Џо Бајден.

„Загрижени се дека ветените ресурси ќе бидат пренасочени во Украина, сметаат дека енергетските правила не се применуваат рамномерно, ограничувајќи ги амбициите, и загрижени се дека тежината на сиромаштијата ќе зафати уште една генерација“.

Светската банка кажа дека работи на зголемување на својата финансиска способност – вклучувајќи собирање хибриден капитал од акционери – за да поттикне раст и работни места, но кажа дека идната економија не може да се шири по цена на животната средина. „Едноставната вистина е: не можеме да поднесеме уште еден период на раст со интензивни штетни емисии“, кажа Банга.

Индиската министерка за финансии Нирмала Ситараман, претседавач и домаќин на собирот, ги отвори разговорите во понеделникот потсетувајќи ги лидерите на нивната одговорност „да ја насочат глобалната економија кон силен, одржлив, врамнотежен и инклузивен раст“.

Соединетите Американски Држави велат дека за напорите за реформа на мултилатералните заемодавци како Светска банка и други регионални институции можат да отклучат 200 милијарди долари во следната деценија. Договорите за реструктуирање на долговите за земјите со ниски приходи се во фокусот на вниманието на Г20, најголемите економии во светот, но должниците сметаат дека е постигнат минимален напредок.

Кина, втората по големина економија и главен заемодавец во неколку земји со ниски приходи во Азија и Африка, досега се противеше на секоја формула на реструктуирање на долговите, тврдат должниците.

Повеќе од половина од сите земји со низок доход се блиску или во должничка криза, двојно повеќе од 2015, кажа американската министерка за финансии Џенет Јелен. Таа во неделата кажа дека предолго се преговарало за долгот на Замбија, но додаде дека се надева дека решението на долгот за Гана и Шри Ланка ќе биде „брзо финализирано“.

Разговорите на Г20 се фокусирани и на реформа на мултилатералните развојни банки, прописите за криптовалутите и полесниот пристап до финансирање за ублажување и прилагодување на влијанието на климатските промени.

Неодамна договорениот прв чекор за поправедна распределба на даночните приходи од мултинационалните компании, кој минатата недела го постигнаа 138 земји, исто така ќе биде испорачан. Мултинационалните компании, особено технолошките, во моментов можат лесно да го префрлат профитот во земји со ниски даночни стапки иако таму вршат само мал дел од своите активности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ