На овој настан присуствуваат генралниот директор на Директоратот за поврзување (DG Connect), Роберто Виола, како и министрите задолжени за дигитализација од Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.
Андоновски ги подвлече најзначајните достигнувања на Владата во поглед на дигиталната трансформација во првите 100 денови од мандатот.
„Во првите 100 дена објавивме 80 нови електронски услуги, со што бројот од 120 се зголеми на 200 е-услуги. Очекуваме 100 нови е-услуги во наредната година, што ќе значи 100% зголемување во однос на претходниот 4-годишен период. Во првите 100 дена од новата влада го редизајнираме порталот за национални услуги, со цел да биде полесен пристапен, со подобро корисничко искуство, достапен за лицата со попреченост, потранспарентен и општоприфатен“.
Регулаторниот дијалог се фокусира на новите правила на Европската Унија во врска со прифаќањето на вештачката интелигеција, законите за употребата на електронски документи и дигиталната економија, како и сајбербезбедноста. На маргините на регулаторниот дијалог, Андоновски оствари средби со Роберто Виола, како одговорен од Европската комисија за процесите на дигитализација.