понеделник, 25 ноември 2024

Судијката делеше лекции по право за јавната обвинителка во процесот против Жан Митрев

Импровизациите во толкувањето на законот на јавниот обвинител Искра Хаџи Василева која го застапува обвинението против Жан Митрев го принудија судот во присуство на јавноста да ѝ одржи лекција по право на обвинителката дека не постои само сведок во постапката кој што или сведочи за суштински околности или само за имотно-правно побарување, туку дека во кривичната постапка учествува и оштетеното лице заради остварување на имотно-правното побарување, пишува Нетпрес.мк.

Објавено на

часот

Сподели

„Оштетените лица се повикуваат затоа што Вие (обвинителке) предложивте читање на нивни записници, но такво нешто не е можно без да бидат повикани оштетените пред судот и токму по вашиот список судот ги повикува оштетените да бидат сослушани”. Оваа лекција следуваше откако обвинителката ја нападна одбраната дека приговара, а тоа не било дозволено и дека целта е одолговлекувањето на процесот и дека таа предложила само 15 сведоци, а не 283 оштетени.

По лекцијата на судот на сите им стана јасно дека причината за одолговлекување на постапката е токму обвинението конципирано дека наводно се оштетени 283 лица заради лекување во приватна болница.

Крајниот впечаток беше дека всушност настапот на обвинителката со континуирани напади на одбраната и бесконечно повторување дека одбраната го одолговлекува процесот со своите приговори се заснова на желба обвинетиот воопшто да нема одбрана која би ја вршела својата должност, па дури со повикување на законот дека законот не ги предвидувал правата на одбрана без повикување на конкретна одредба, затоа што според неа било навреда за судот таа да се повикува на членови.

На ова следуваше прецизно цитирање на членови од Законот за кривична постапка од страна на судијата за начинот на повикување и сослушување на оштетените, пишува Нетпрес.мк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ