По 2 и пол години и 25 продолженија на матичната комисија во Собранието и по еклатантно кршење и газење на Деловникот сега СДСМ глумејќи одговорна партија се откажа од Јовески, рече Стојаноска.
Според неа причината за ова е едноставна, затоа што Јовески „повеќе не е им е потребен бидејќи здачата за која што беше поставен си ја исполни, а со тоа криминалите на СДСМ и ДУИ 6 години беа заштитени“.
„Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата веќе 6 години во сите свои настапи и дискусии во Собранието но и по медиумите кажуваме дека овој човек е канцерот на македонското судство, во чиј мандат довербата во судството ја достигна нулата. Неговиот мандат беше проследен со многу скандали, безброј непокренати обвиненија, скриени предмети, смешни и бизарни пресуди, ослободување на криминалци и уште многу партиски нарачани одлуки и пресуди. СДСМ веќе нема никаква корист од Љубомир Јовески и исто као и со Катица Јанева и Вилма Рускоска се одрекуваа од овој човек за повторно да си ги заштитат партиските интереси. Доаѓа време на ревизии, на преиспитување на многу одлуки и решенија, но најбитно од сѐ доаѓа време за одговорност на сите злодела и криминали што се случуваа во изминатите 6 години“, рече Стојаноска.
Таа тврди дека одговорност ќе има и за оние „што правеле криминали но и за оние кои што требаше да ги спречат истите, а ги штитеа“.