Според Стерјовски, на средбата биле разменети искуства и мислења за јазичните права на малцинствата во Европа, тема од „клучно значење за зачувување на културната и јазичната разновидност на нашиот континент“.
„Министерот Морено го запознав со положбата и предизвиците со кои се соочуваат Македонците во Албанија, притоа нагласувајќи ја важноста на меѓународната соработка во заштита и промоција на јазичните права“, објави Стерјовски на фејсбук.
Додава дека ваквите средби не се само платформа за размена на идеи, туку и можност за градење мостови меѓу заедниците и заедничко залагање за еднаквост и почитување на човековите права.