петок, 13 декември 2024

Мистериозен дефект – не работи подморски интернет кабел меѓу Германија и Финска

Мистериозен дефект на подморски телекомуникациски кабел кој ги поврзува Финска и Германија ги нарушил комуникациските услуги, објави денес компанијата која управува со врската. Кабелот Ц-Лион1, кој ги поврзува Хелсинки и германски Росток, го поставила Циниа, финска компанија под државна контрола.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Се протега на речиси 1.200 километри и е единствената директна физичка врска од тој вид меѓу Финска и централна Европа. Минува покрај останати клучни делови на инфраструктура, вклучувајќи гасоводи и енергетски кабли.

Нејасно е што го предизвикало дефектот. Циниа соопшти дека сè уште го истражува проблемот.

Дефектот доаѓа само неколку дена откако Вашингтон предупреди дека откриле засилена руска воена активност околу клучни подморски кабли. Двајца американски функционери изјавија за Си-ен-ен во септември дека САД сметаат дека сега е поверојатно Русија да изврши потенцијални саботажи на критични делови на инфраструктурата.

Предупредувањето следеше по заедничката истрага на телевизии од Шведска, Данска, Норвешка и Финска, кои во април известија дека Русија има флота потенцијални шпионски бродови кои дејствуваат во нордиските води како дел од програма за можни саботажи на подводни кабли во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ