среда, 11 декември 2024

Стерјовски оствари средба со министерот за јазична политика во каталонската Влада во Барселона

Лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, Васил Стерјовски во Барселона, Шпанија се сретнал со Франсеск Ксавиер Вила и Морено, министер за јазична политика во Владата на Каталонија.

Објавено на

часот

Сподели

Според Стерјовски, на средбата биле разменети искуства и мислења за јазичните права на малцинствата во Европа, тема од „клучно значење за зачувување на културната и јазичната разновидност на нашиот континент“.

„Министерот Морено го запознав со положбата и предизвиците со кои се соочуваат Македонците во Албанија, притоа нагласувајќи ја важноста на меѓународната соработка во заштита и промоција на јазичните права“, објави Стерјовски на фејсбук.

Додава дека ваквите средби не се само платформа за размена на идеи, туку и можност за градење мостови меѓу заедниците и заедничко залагање за еднаквост и почитување на човековите права.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ