среда, 11 декември 2024

Македонците од Пустец ќе добиваат бесплатна правна помош

Жителите од општина Пустец ќе може да добиваат бесплатна правна помош врз основа на соодветниот закон на албанската Влада, информираа денеска од општината.

Објавено на

часот

Сподели

„За таа цел денеска градоначалникот на општината  Пали Колефски потпиша договор за соработка со Дирекцијата за бесплатна правна помош, при Министерството за правда“, информираа од општината.

Додаваат дека договорот обезбедува пристап до правдата за граѓаните преку обезбедување на бесплатни услуги, правна помош, согласно одредбите за „правна помош загарантирана од државата“.

„Ова секако е од голема помош за нашите жители, кога се знае дека поголемиот процент се во неповолна социо-економска состојба. Има и бесплатен телефонски број 08001010, на кој може да се јават во случај на потреба“, нагласуваат од општина Пустец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ