среда, 11 декември 2024

Индија тестираше хиперсоничен проектил (ВИДЕО)

Индија објави дека успешно тестирала домашна надзвучна ракета со долг дострел, што ја вклучува во малата група нации кои ја поседуваат таа напредна технологија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Индија, која има нуклеарно оружје, го тестирала својот прв надзвучен проектил неколку дена откако нејзиниот ривал Кина ги претстави своите најнови воздухопловни капацитети.

Надзвучните проектили се врвот на современата ракетна технологија: летаат пониско и потешко се откриваат од балистичките проектили, побрзо стигнуваат до својата цела, и може да менуваат насока за време на летот.

Русија, Кина, Северна Кореја и Соединетите Американски Држави тестирале надзвучни проектили, а уште неколку земји ја развиваат технологијата.

„Индија оствари голема пресвртница со успешниот тестен лет на надзвучна ракета со долг дострел“, кажа министерот за одбрана Раџнат Синг.

Индиската ракета била лансирана од островот Абдул Калам во близина на источниот индиски брег во саботата.

На снимките кои ги објави индиската Организација за одбранбени истражувања и развој (ДРДО) се гледа ноќно лансирање на ракетата, по што може да се види пламен.

„Ова е историски момент, а ова значајно достигнување ја вклучи нашата земја во групата посебни земји кои имаат капацитет за толку критични и напредни воени технологии“, додаде Синг.

Не се објавени дополнителни детали за проектилот.

Индија ја продлабочува соработката со западните земји во изминатите години, пред сè со САД, Јапонија и Австралија, но и е голем купувач на руска воена опрема, и покрај заканите со американски санкции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ