среда, 4 декември 2024

Словачкиот премиер против одлуката на Бајден: „Ескалација без преседан“

Ројтерс пренесува дека словачкиот премиер Роберт Фицо остро се спротивстави на одлуката на американскиот претседател во заминување Џо Бајден на Украина да ѝ дозволи користење на американското оружје со долг дострел на цели длабоко во руска територија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фицо одлуката на Бајден ја опиша како „ескалација на тензиите без преседан“ и кажа дека е јасна целта на потегот на администрацијата на Бајден да се спречат или одложат мировни преговори. Кажа дека остро не се согласува со таа одлука.

Словачкиот премиер е еден од ретките европски лидери кој повикува на мировни преговори. Неговата влада веднаш ги прекина воените испораки за Киев по преземањето на должноста пред една година истакнувајќи дека испораките на оружје го продолжуваат конфликтот.

И Унгарија се спротивставува на поделената европска поддршка на одлуката на Бајден да ѝ се дозволи на Украина користење на оружјето со долг дострел за напади во Русија. Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто ја опиша како „вџашувачки опасна“.

„Провоените мејнстрим партии во Вашингтон и во Брисел го почнаа последниот, жесток напад на новата реалност. Ова не е само антидемократски потег, туку и исклучително опасен. Изгледа дека провоените сили во последен чин на фрустрација, не се воздржуваат од најлошото, односно од проширување на конфликтот на целиот свет“, порача Сијарто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ