среда, 27 ноември 2024

Стејт департмент: САД не гледаат „геноцид“ во Газа

Соединетите Американски Држави не забележале дејствија кои би претставувале геноцид во Газа, изјави Метју Милер, портпаролот на Стејт департментот.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Милер го изјави ова по повод барањето на Јужна Африка до Меѓународниот суд на правдата (МСП) акциите на Израел во Појасот Газа да бидат прогласени за геноцид.

„Овие не се обвинувања што треба да се изнесуваат лесно. Не гледаме никакви дејствија што претставуваат геноцид“, рече Милер.

Портпаролот на Стејт департментот рече дека не е во позиција да процени дали во палестинската енклава биле извршени воени злосторства или злосторства против човештвото, пренесува Ројтерс.

Во поднесокот на Јужна Африка до Меѓународниот суд на правдата се наведува дека Израел ја прекршил Конвенцијата за геноцид од 1948 година, која е составена по холокаустот, а се однесува на обидот за целосно или делумно уништување на еден народ.

Јужна Африка бара од Меѓународниот суд на правдата да донесе привремени мерки со кои ќе му нареди на Израел да ги прекине своите воени операции во Газа, за кои вели дека се неопходни за да се спречи сериозна и непоправлива штета на правата на палестинскиот народ.

Судот закажа јавни расправи за ова прашање за 11 и 12 јануари, додека Израел истакна дека ќе се брани од сите обвиненија.

Од 7 октомври досега во Газа се убиени над 22.000 лица, 2,3 милиони жители на енклавата се соочуваат со хуманитарна катастрофа, пишува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ