понеделник, 18 ноември 2024

Српскиот министер за одбрана вели дека има меѓународна поддршка за „голема Албанија“

Објавено на

часот

Сподели

Македонија и Црна Гора се огрешиле кон Србија со признавањето на независноста на Косово, нагласувајќи дека тој чин претставувал отворено мешање во внатрешните работи на една земја, изјави српскиот министер за одбрана и претседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ, пренесува црногорскиот весник Побједа.

„Згрешивте и ќе ви се удри по глава, како што во Украина им се удира во глава на сите кои го промовираа Косово и Метохија како независна држава. Ја отворивте Пандорината кутија. Смешни се вашите бирократски одговори дека Косово е sui generis, дека е посебен случај. Ниту Аљбин Курти, ниту Тирана ви веруваат во тоа“, изјави Вучевиќ за српската телевизија Пинк.

Тој вели дека е на мислење оти постои голема меѓународна поддршка за создавање на голема Албанија, нагласувајќи дека тоа не е прашање само за Србија, туку и за нејзините соседи.

„Дали нашите пријатели во Северна Македонија спијат мирно? Дали спиете мирно? Тие мислат дека се во НАТО Алијансата и дека си ги решиле проблемите… Ова е мантра и на Црна Гора и на Северна Македонија. Кога станаа членки на таа колективна безбедност, односно на НАТО Алијансата, мислат дека си ги решиле сите проблеми и дека веќе ништо не може да им се случи. Мора да погледнете она што е во историјата, да ги разберете малку другите околности и да разберете што се случува во нивниот двор. Ние не сакаме да ја водиме нивната политика, тоа е прашање за нив. Но, можеме да констатираме дека 25 проценти од Албанците имаат 50 проценти од власта во Северна Македонија. Ако е „ок“ за Македонците, „ок“ е и за нас, само очигледно ќе имате политика која нема да ја гледаат Македонија како своја земја“, вели Вучевиќија.

Вучевиќ оценува дека постои сеалбански консензус за национално обединување и дека „наивните Срби мислат дека тоа не може да се случи и дека нема промени на границите“.

„Отсекогаш важела мантрата дека нема промени на границите, па тие се менувале. Не би спиел мирно, но тоа е прашање за Скопје, а Подгорица нека добро види што ќе прави. Гледам дека сега најголемото прашање за нив е дали српските партии, или на српската партија, или на коалицијата, смее да им се дозволи да дојдат на власт со, условно кажано, некои мали министерства. Во Северна Македонија, 25 отсто од Албанците имаат 50 отсто од владата, а во Црна Гора 30 отсто од Србите не можат да имаат две министерства или дури едно. Велат се мешаме во внатрешните работи. Вие ни се мешате во нашите внатрешни работи – го признавте Косово, има ли полошо, понепристојно и отворено мешање во внатрешните работи“, изјави српскиот министер за одбрана Вулевиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ