петок, 18 октомври 2024

Србљак скокна за 40 места, пад на Ивановски на АТП листата

Објавено на

часот

Сподели

Србљак со скок од 40 места сега е на 1.117 место. Овој напредок се должи што неколку недели во континуитет има пласман во второто коло од фјучрс 15 турнирите.

Калин Ивановски има пад од четири позиции и во моментов е на 366. место на АТП листата. Пласман има уште Обрад Марковски кој е 1.213 место, што е послабо за 59 позиции од претходната недела.

Во конкуренција на двојки Ивановски е на 583 место (пад 17 места) и четири поени помалку од пртеходното рангирање (86). Марковски е на 988 место со 32 поена (пад за пет позиции), додека Берк Бугариќ е рангиран на 1263 место со 16 поени, а има скок од 13 места. Без промена на рангот и поените е Србљак со 11 поени на 1453 место.

Кај девојките, Лина Ѓорческа се наоѓа на 247. место, што е пад за една позиција од претходната недела. Во конкуренција на двојки е 422 место.

Магдалена Стоилковска е рангирана на 1.344 место, тоа е пад за пет позиции во однос на претходната недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ