вторник, 26 ноември 2024

Спречен атентат на Нетанјаху: Иран стои зад сè

Израелски цивил беше уапсен минатиот месец под сомнение дека бил регрутиран од Иран за да ги убие израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант или шефот за безбедност на Шин Бет, Ронен Бар, соопштија денеска Шин Бет и полицијата.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Израелската служба за внатрешна безбедност Шин Бет и полицијата соопштија дека осомничениот двапати бил на состанок во Иран и добил пари за мисијата, пренесува Тајмс оф Израел.

Осомничениот, кој не е именуван, денеска беше обвинет.

Според истрагата, израелскиот Евреин е бизнисмен кој долго време живеел во Турција, каде имал деловни и социјални односи со турски и ирански државјани.

Шин Бет соопшти дека на човекот му било наредено да преземе финансиски, логистички и други дејствија поврзани со оружје како дел од планот.

Напорите на Иран, според Израелската служба за внатрешна безбедност, беа особено интензивни по атентатот на политичкиот шеф на Хамас, Исмаил Ханије во Техеран, што поголемиот дел од светот ѝ ја припишува на израелската разузнавачка агенција Мосад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ