„Неговите напори за напуштање на процесот Отворен Балкан за да немало влијание од соседите врз Македонија е целосно спротивставување на интересите на државите, бизнисот и на граѓаните од регионот.
Османи заедно со СДС направија многу за рушење на угледот на Македонија на меѓународен план. Наместо поврзување Османи се залага за подредување на Македонија под други држави и за формирање на бордови како надворешни институции кои ќе бидат управувачи и губернатори со државата.
Заслугата на Османи е што го зајакна антимакедонизмот кај бугарската политичка елита и ги сруши мостовите меѓу соседни народи. Ги прифаќа бугарските империјални уцени и лажно ветува дека Уставот ќе се смени за да се формира нова влада после изборите што е надвор од здравиот разум.
Непознавањето на надворешната политка овој залутан абдоминален хируг го прави целосно несоодветен и погрешен избор за функцијата што ја врши. Служејќи на разни геополитички интереси, а против македонските, Османи станува уште повеќе недораснат за функцијата претседател за која конкурура со смешни тези и предлози.
Со индигнација ги отфрламе целосно погрешните идеи на Османи и им укажуваме на граѓаните дека гласови за него се гласови за криминалната банда на СДС и ДУИ и нивно натамошно тоталитарно владеење ‘како и до сега’.
Единствено решение е избор на кандидатите на kоалицијата Твоја Македонија кои се вистински застапници и бранители на македонските интереси, соопшти СПМ.