вторник, 26 ноември 2024

СПМ: Османи и неговите идеи како да ѝ наштети на државата

Кандидатот за претседател и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи е постојано активен во смислувањето идеи како да ѝ наштети на државата. Свесен дека е на заминување и веројатно никогаш нема да може да биде на функцијата што ја врши, Османи предлага промени кои се неприфатливи и непристојни, се вели во реакцијата на Социјалистичката партија на Македонија во врска со идејата Македонија да го напушти Отворен Балкан.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Неговите напори за напуштање на процесот Отворен Балкан за да немало влијание од соседите врз Македонија е целосно спротивставување на интересите на државите, бизнисот и на граѓаните од регионот.

Османи заедно со СДС направија многу за рушење на угледот на Македонија на меѓународен план. Наместо поврзување Османи се залага за подредување на Македонија под други држави и за формирање на бордови како надворешни институции кои ќе бидат управувачи и губернатори со државата.

Заслугата на Османи е што го зајакна антимакедонизмот кај бугарската политичка елита и ги сруши мостовите меѓу соседни народи. Ги прифаќа бугарските империјални уцени и лажно ветува дека Уставот ќе се смени за да се формира нова влада после изборите што е надвор од здравиот разум.

Непознавањето на надворешната политка овој залутан абдоминален хируг го прави целосно несоодветен и погрешен избор за функцијата што ја врши. Служејќи на разни геополитички интереси, а против македонските, Османи станува уште повеќе недораснат за функцијата претседател за која конкурура со смешни тези и предлози.

Со индигнација ги отфрламе целосно погрешните идеи на Османи и им укажуваме на граѓаните дека гласови за него се гласови за криминалната банда на СДС и ДУИ и нивно натамошно тоталитарно владеење ‘како и до сега’.

Единствено решение е избор на кандидатите на kоалицијата Твоја Македонија кои се вистински застапници и бранители на македонските интереси, соопшти СПМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ