сабота, 30 ноември 2024

Совршено печено говедско

Објавено на

часот

Сподели

Приготвување:

Великодушно зачинете го говедското со сол и црн пипер.

Загрејте голема тава на средно висока температура. Потоа додајте 2-3 лажици маслиново масло (или може мешавина од путер и маслиново масло).

Исечете ги двата кромиди на половина, а морковите исечете ги на парчиња дебели 5 см.

Кога маслото во тавата ќе се вжешти (но да не чади), додајте ги преполовените кромиди и пржете ги додека да потемнат, од едната, а потоа и од другата страна. Префрлете го кромидот на чинија.

Ставете ги морковите во истата, добро загреана тава и пржете ги малку, додека да потемнат од сите страни, околу една минута.

Ако е потребно, додајте уште малку маслиново масло во врелата тава. Ставете го месото во тавата и пржете го околу една минута од сите страни, додека убаво да потемни. Префрлете го и месото на чинија.

Сè уште на висока температура, истурете го црвеното вино (или 250 мл говедска супа) и со дрвена лажица со брзи движења стружете по дното, за да ги изгребете остатоците од прженото и да се добие прекрасен вкус.

Потоа вратете го месото назад во тавата и додајте доволно говедска супа за да се покрие до половина (околу 500-700 мл). Додајте ги кромидот и морковите, како и гранчињата свеж рузмарин и свежа мајчина душица (потопете ги гранчињата во течноста, за да впие од вкусот).

Покријте ја тавата со капак (или префрлете го сето тоа во друга тава за печење со капак) и печете во рерна на 140 степени 3 часа (за месо од 1,5 кг). За месо од 2 кг печете 4 часа.

Послужете го печењето со пире од компири и печени пиперки.

Состојки:

1 говедски врат (околу 2 кг)

2 лажици маслиново масло

2 кромиди

6 до 8 моркови

сол по вкус

црн пипер по вкус

500-700 мл говедска супа од коцка

250 мл црвено вино (може да го замените со 250 мл говедска супа, ако не сакате вино)

3 гранчиња свежа мајчина душица, или повеќе по вкус

3 гранчиња свеж рузмарин, или повеќе по вкус

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ