понеделник, 9 декември 2024

Богат чоколаден чизкејк

Објавено на

часот

Сподели

СОСТОЈКИ

Подлога:

240 г колачиња „орео“ (околу 20 колачиња)

70 г несолен путер, стопен

Чизкејк-фил:

350 г чоколада за готвење

120 слатка павлака (1/2 чаша)

1 лажичка инстант кафе / еспресо во прав

700 г крем сирење (маскарпоне), на собна температура

1/2 лажичка сол

220 г шеќер (1 чаша)

15 г какао во прав (околу 2 лажици)

1 лажиче ванила

4 големи јајца, собна температура

100 г кисела павлака (1/4 чаша), на собна температура

Чоколаден ганаш:

100 г чоколада

1/2 чаша слатка павлака (120 мл)

Чоколаден шлаг:

240 мл слатка павлака (1 чаша), студена

25 г какао во прав (околу 3 лажици)

ИНСТРУКЦИИ

Орео-подлога:

Загрејте ја рерната на 180 степени и премачкајте ја тавата со малку путер на дното и од страните. Однадвор цврсто обложете ги дното и рабовите на тавата со 2-3 листа алуминиумска фолија.

За подлогата, смелете ги колачињата орео, треба да станат ситни трошки. Додајте го стопениот путер и повторно смелете. Префрлете ги во тавата и со чаша цврсто притискајте ги за да добиете збиена цврста подлога.

Печете ја подлогата 8-10 минути. Извадете ја од рерната и намалете ја температурата на 160 степени.

Чизкејк-фил:

Измешајте ги чоколадата, слатката павлака и кафето во голем огноотпорен сад. На пареа (тенџере над тенџере) загрејте ги и мешајте неколку минути додека сѐ да се стопи и да добиете мазен ганаш. Оставете да се излади.

Ставете го крем сирењето во садот и матете го со миксер 3-4 минути, додека не стане многу кремасто и мазно. Неколку пати изгребете ги рабовите и дното на садот, за да не останат цврсти грутки крем сирење.

Додајте ги шеќерот, какаото во прав, солта и ванилата и повторно матете 3-5 минути додека сè убаво не се соедини.

Скршете ги јајцата во посебен сад и лесно изматете ги за да се разбијат жолчките. Додајте ги во смесата и проматете само неколку секунди додека јајцата да се соединат со смесата. Избегнувајте прекумерно матење во оваа фаза.

Додајте ги ганашот и киселата павлака и матете додека не се соединат.

Истурете ја смесата во тавата врз подлогата. Потчукнете ја тавата неколкупати на работната маса за да нема воздушни меури.

Сварете малку вода, истурете ја во поголема тава и внесете ја во рерната. Тавата со чизкејкот ставете ја во поголемата тава за да се создаде водена бања. Алуминиумската фолија ќе спречи претекување на водата во тавата. Затворете ја вратата на рерната.

Печете 60-70 минути. Чизкејкот е готов кога рабовите се цврсти и одвоени од страните на тавата, а филот во центарот може да е помек.

Извадете ја од рерна и оставете да се лади на собна температура 2-3 часа. Потоа, префрлете ја во фрижидер да се излади целосно преку ноќ (најмалку 8 часа).

Чоколаден ганаш:

Следниот ден подгответе го чоколадниот ганаш: зовријте ја павлаката и со неа прелејте ја чоколадата. Оставете 5 минути, а потоа мешајте ги додека не добиете свиленкаст ганаш.

Чоколаден шлаг:

Подгответе го чоколадниот шлаг така што ќе ги додадете сите состојки во сад и ќе матите со електричен миксер додека кремот не се зацврсти. Не матете предолго. Украсете по избор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ