сабота, 27 април 2024

Чизкејк

Објавено на

часот

Сподели

Состојки:

За основата:

400 г мелени бисквити

200 г стопен путер

цимет по желба

 

За филот:

1 кг крем сирење маскарпоне

400 г шеќер

3 лажици брашно

4 лажички екстракт од ванила

2 лажички сок од лимон

1 лажичка рендана кора од лимон

прстофат сол

6 големи јајца

1 кг кисела павлака

 

За глазурата:

200 г стопен путер

400 г крем сирење маскарпоне

2 лажички ванила екстракт

прстофат сол

300 г шеќер во прав

 

Инструкции:

Загрејте ја рерната на 190°Ц и поставете ја решетката на долната средна позиција. Обвиткајте го калапот за торта со големо парче алуминиумска фолија, покривајќи ја долната страна па сѐ до врвот за да нема процепи на дното или на страните. Додајте уште еден лист фолија за секој случај. Премачкајте ја внатрешноста на тавата со малку стопен путер.

Направете ја основата: измешајте ги мелените бисквити, стопениот путер, солта и циметот. Мешајте додека убаво не се соединат. Притискајте ја смесата во рамномерен слој на дното на подготвениот калап. Печете ја кората 10 минути, додека не се стегне. Извадете го калапот од рерна.

Намалете ја температурата на рерната на 160°Ц. На рингла ставете котел со вода да зоврие.

Направете го филот: изматете ги крем сирењето, шеќерот и брашното на средна брзина додека не се спојат, околу 1 минута. Изгребете ги дното и страните на садот за да бидете сигурни дека смесата е рамномерно соединета. Додадете ванила, кора од лимон, сок од лимон и сол; матете со мала брзина додека не се соединат. Додавајте ги јајцата едно по едно, матејќи со мала брзина додека не се спојат, стругајќи ги страните на садот по потреба. Додајте ја киселата павлака. Филот треба да биде еднолична смеса, но не претерувајте со матење.

Ставете го калапот за торта во голема тава за печење. Истурете го филот во калапот. Истурете ја зовриената вода во големата тава за печење во која сте го ставиле калапот обвиен во фолија. Печете додека колачот не се стегне, од 1 час и 30 минути до 1 час и 45 минути.

Внимателно извадете ја тавата за печење сосе калапот од рерната. Оставете го чизкејкот во водената бања додека водата не стане млака, околу 45 минути. Извадете го калапот од водената бања и отстранете му ја фолијата. Ако е потребно, поминете со нож со тенко сечило меѓу колачот и калапот за да бидете сигурни дека не се залепил на страните (што може да предизвика пукнатини додека се лади), потоа покријте го со пластична фолија и ставете го во фрижидер да се лади најмалку 8 часа или преку ноќ.

За глазурата: матете ги путерот и крем сирењето додека не станат кремасти, добро споени и без грутки.

Додадете екстракт од ванила и сол и убаво изматете.

Со миксерот на бавно, постепено додавајте шеќер во прав додека целосно не се соедини.

Извадете ги страните од калапот за торта. Премачкајте го со глазурата. Сечете со остар нож, бришејќи го ножот помеѓу сечењата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ