вторник, 10 декември 2024

Едноставен колач со свежи јагоди

Објавено на

часот

Сподели

Состојки:

 

1 и пол чаша брашно

ќесичка прашок за печиво

½ лажичка сол

6 лажици несолен путер, омекнат, плус уште малку за подмачкување на тавата

1 чаша плус 2 лажици шеќер, поделени

2 средни јајца

1 лажичка екстракт од ванила

половина чаша млеко

400-500 г свежи јагоди, исчистени и преполовени

 

Начин на приготвување:

 

Загрејте ја рерната на 180 степени и намачкајте го тавчето со путер.

Во чинија измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта. Ставете ги на страна.

Во друг сад со електричен миксер изматете го путерот и 1 шолја шеќер додека не осветли, околу 3 минути. Додајте ги јајцата и ванилата и матете на мала брзина додека смесата не се соедини убаво. Постепено додавајте ја смесата со брашно наизменично со млекото и матете на мала брзина додека смесата да се изедначи. (Тестото ќе биде густо.)

Префрлете го тестото во подготвената тава и измазнете го со шпатула. Наредете ги јагодите одозгора, со исечениот дел надолу, така што целосно да го покријат тестото. Преостанатите 2 лажици шеќер посипете ги врз јагодите.

Печете десет минути, а потоа намалете ја температурата на 160 степени и печете додека колачот не порумени и боцнатата чепкалка не излезе чиста, околу еден час. Оставете го колачот да се излади во тавчето. Послужете со шлаг или сладолед од ванила, по желба.

Колачот може да се чува на собна температура неколку дена, лабаво покриен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ