За иницијативата на 17 ноември мислење дале Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно правната комисија и дале негативно мислење со оценка дека иницијативата не била уредна. Граѓанската иницијатива на Љупчо Палевски потпишана од 100 македонски државјани е неуредна затоа што договорот содржан во прашањето е непрецизен, сметаат членовите на двете собраниски комисии. „Имено, Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 15 јануари 2018 година, донесе Закон за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, а прашањето за кое се предлага распишување на задолжителен дополнителен референдум на државно ниво за целата територија на Македонија гласи: Дали сте за Договорот помеѓу Република Македонија и Република Бугарија склучен на 1 август 2017 година?“, пишува во мислењето од двете комисии.
Десетина дена по поднесувањето на иницијатива, според македонското обвинителство, Палевски извршил двојно убиство,
Љупчо Палевски е во екстрадициски притвор во Турција како осомничен дека ги извршил убиствата на 77-годишниот велешанец Панче Жежовски и 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска. На иницијативата за референдум на Палевски се потпишани Велибор Манев и Боре Видевски, кои се во притвор, осомничени дека биле соучесници во убиствата.
А.Д.