Загрижува што во Скопје е највисока концентрацијата токму на најштетните ПМ2,5 честички кои се канцерогени и кои се толку мали што речиси нема начин тие да се сопрат за да не влезат во дишниот систем на човекот, а оттаму и во крвта.
На оваа листа од европските градови до Сараево кое е на 26-то место, нема друг град од Европа.
Следните европски градови се Милано и Белград на 46 и 47-мо место, но на тие места од листата воздухот веќе не е така лош.
Вообичаено, „нездрав“ е и воздухот во Тетово, Гостивар, Кичево, Кавадарци и Велес.